ветви
Вид збор: Придавка
Што е стар, износен, избледен.
Примери:
Во ветва колипка зафрлена на крај селце што беше стутулено крај шума, живееше една стара баба.
доодениот
Вид збор: Придавка
Што е физички опаднат, преморен, капнат.
Примери:
Тајфата ја водеше доодено старче.
Што е расипан, истрошен.
Примери:
Дооден часовник.
изветвениот
Вид збор: Придавка
Што е стар, износен, ветов.
Примери:
Изветвени панталони.
Вид збор: Придавка
износен, изабен, долго користен
Примери:
излижани гуми
износени
Вид збор: Придавка
Што не е повеќе за носење, дотраен од носење.
Примери:
износено палто, износена блуза
Вид збор: Придавка
Што е лито, излитено.
Примери:
На подот имаше литак килим.